Quantcast
Channel: медиуми – IT.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 37

Реструктуирање на медиумскиот пазар: Кој кого купува и што значи тоа за другите?

$
0
0

Медиумската сцена драстично се менува во поглед на нејзините засегнати страни. Низ серија на спојувања и преземања кои почнаа да се одигруваат после последниот Weekend Media Festival, значително се промени изгледот на медиумската сцена во регионот. Паралелно со глобалните промени во медиумската сфера, се менува и регионалната медиумска сцена и сведоци сме на можеби најголемите промени кои ќе ги преструктуираат медиумите на локалниот пазар.

Меѓу спојувањата и соработки, особено се истакнува преземањето на американскиот фонд KKR, сопственик на N1 телевизија, кој во своето портфолио наскоро во Хрватска би можел да ја додаде Nova TV. Во Босна и Херцеговина и Црна Гора работат на преземање на Pink, во Словенија, POP TV, додека во Србија е сопственик на водечките кабелски оператор SBB, N1 телевизија, Sport Klub и Grand.

Со купувањата на телевизии низ целиот регион, KKR длабоко го менува медиумскиот пејзаж, но силно влијае и на другите медиуми, телекомуникацискиот пазар, независната продукција, кабелските оператори и можеби дури и политиката. Иако веројатно најважен играч во промените, KKR не е единствен.

“Оваа година имавме можност да ги следиме главните медиумски преземања и нови соработки кои силно влијаат на пазарот во регионот. На Weekend Media Festival очекуваме повеќе интересни настани, кои потоа ќе може да се анализираат.”, изјави Никола Врдољак, директор на програмата.

На панелот “Реструктуирањето на медиумскиот пазар” Weekend Media Festival ќе ги собере клучните луѓе од регионот за да ни објасни и да не доближи до она што се случува на медиумската сцена, што значи тоа за потрошувачите и понатамошниот развој на медиумите.

Најголемиот регионален фестивал за комуникации ќе се одржи од 20-ти до 23-ти септември, и повторно во поранешната фабрика за тутун во Ровињ. Партнери на фестивалот оваа година, Франција и Германија, а еден од многуте гости ќе биде и Кристиан Новак, најголемата ѕвезда на хрватската литература во моментов.

Сите маркетери своите дела може да ги достават на седмиот BalCannes, а најдобрите дигитални кампањи во регионот ќе ги презентираат најважните дигитални награди, SoMo Borac.

Во прилог на конструктивните и понекогаш провокативни дискусии за трендовите во индустријата за комуникации, Weekend Media Festival е познат по најдобрите забави. Оваа година очекуваме разновидна музичка програма и дружење до доцна во ноќта.

The post Реструктуирање на медиумскиот пазар: Кој кого купува и што значи тоа за другите? appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 37

Trending Articles