„Паметните телефони и таблет компјутерите го револуционизираа начинот како пристапуваме до информации, и денес луѓето конзумираат неверојатни количини на вести на својот мобилен“, вели Google во блог пост во кој го најави Accelerated Mobile Pages. Oва е одговорот на Google на Facebook Instant Articles, но и на дел условно помали сервиси како News на Apple. Станува збор за нова алатка со отворен код која ќе овозможи полесно читање и побрзо вчитување на вестите, креирана во соработка со Twitter и повеќе одбрани издавачи. Издавачите ќе можат дополнително да го забрзаат вчитувањето во прилистувачот преку Google cache.
Побрзото отворање на страни е одлична вест и за издавачите и за корисниците, но и за Google, кој неодмана е истиснат од првото место како локација од каде луѓето ги пронаоѓаат вестите на мобилен телефон. Најголем конкурент е Facebook кој е задолжен за 40 отсто од откривањата, а Google за 38 отсто. Форматот ќе треба значително да го намали времето на отворање на страните, кои, спорд New York Times, вели дека во моментов во просек се отвораат за 30-секунди.
За АМS, Google барем за сега додaде ново url, а статиите кои се отвораат нема да одземат пари од реклaмите кои ги генерира весникот. Форматот кој го користи Google нема да биде ексклузивно наменет за издавачите, а во пребарувачот овие страни ќе бидат одбележани. Ништо останато нема да биде променето, освен што отворањето на страни ќе биде побрзо, вели Recode.
The post Google ќе го забрза читањето вести на мобилен со проект со отворен код appeared first on IT.mk.