Quantcast
Channel: медиуми – IT.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 37

Зошто треба да го следите Twitter ако сакате да знаете што се случува во Македонија?

$
0
0

Амнестија за сите политичари кои се обвинети за криминал! Ова е најверојатно најконтраверзната одлука по која ќе остане запаметен претседателот Ѓорѓе Иванов во своите два мандати како „татко на нацијата“. Контраверзната одлука доаѓа под оправдание на г. Иванов да се стави крај на политичката криза која трае повеќе од година дена откако беа објавени снимените разговори, сега попознати како #бомби.

Одлуката предизвика лавина реакции од домашни и странски експерти, и натера неколку илјади граѓани да излезат на улица да протестираат. За жал, традиционалните медиуми повторно не беа на потребното ниво за навременото известување, па граѓаните мораше да се информираат на социјалните мрежи каде можеше да се најдат слики и видеа во реално време од протестите. Со реакции на Twitter излегоа и претставниците на Европската Унија, амбасадорите на државите членки, учесниците во преговорите и се разбира граѓаните. Медијаторите Јоханес Хан и Питер Ванхауте своите чудења ги изразија првин на Twitter, па потоа беа пренесени од медиумите.

Можеби ваквите настани ја покажуваат вистинската намена на традиционалните медиуми. Тие не можат да се тркаат со друштвените мрежи, но можат да обезбедат подолги анализи откако ќе поминат првите бурни реакции. Засега првите вести доаѓаат единствено од Twitter. Moжеби и Facebook игра мала улога во информирањето во реално време за настаните, но Facebook прави пропусти поради својот алгоритам да прикаже различна персоналозирана содржина. Twitter има хронолошки ред на пораки, и е јавен, што значи дека може да се пребарува и да се следат пораки преку актуелните хаштагови како #протестирам и #немаправданемамир, на кои ќе најдете детали, слики и видеа за протестите; #Macedonia на кој твитаат амбасадорите и претставниците на ЕУ; додека #Иванов и малку навредливиот #Хорхе кои се однесуваат за претседателот Иванов, иако попаметно во моментов е овие два хаштага да се избегнат поради гневните пораки што се испраќаат до претседателот. Актуелен е и хаштагот кој се однесува и на премиерот Никола Груевски, за кој постои цело истражување од Ана Поп Стефанија.

The post Зошто треба да го следите Twitter ако сакате да знаете што се случува во Македонија? appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 37

Trending Articles